Ел Чапо: Ветувам, нема да ја убијам поротата, нема потреба да се кријат

 Breaking News

Ел Чапо: Ветувам, нема да ја убијам поротата, нема потреба да се кријат

Ел Чапо: Ветувам, нема да ја убијам поротата, нема потреба да се кријат
February 02
18:38 2018

Озогласениот мексикански крал на дрогата, Хоакин “Ел Чапо“ Гузман ветува дека нема да убие ниту еден член на поротата во неговото претстојно судење.

Освен тоа, Ел Чапо наведе дека не е потребно да се крие нивниот идентитет и да им се доделуваат наоружани чувари, како што обвинителите бараа, пишува „Њујорк пост“.

Обвинителите побараа од судијата на Федералниот суд во Бруклин, Брајан Коган да состави анонимна порота за судењето на „Ел Чапо“ во септември, која ќе ја чуваат наоружани стражари, како и да се пронајде сместување на безбедна локација за тие луѓе, пренесува „Индепендент“.

Во барањето за посебни мерки за заштита, обвинителството се повикува на наводната историја на насилство на Гузман, наведувајќи дека верува оти се обидел да ги убие сведоците во минатото.

Одбраната, пак тврди дека специјалните мерки за заштита само ја негираат пресумпцијата на невиностна на Гузман, која е гарантирана со американскиот Устав.

Адвокатот на Гузман, Едуардо Баларес во судското барање навел дека давањето на специјална заштита за поротници “испраќа порака дека тој или таа мораат да бидат заштитени од Гузман“.

„Оттаму, членовите на поротата можат да заклучат дека Гузман е опасен и виновен“ – предупреди Баларес.

Тој предложи да не му се кажат имињата на поротниците на Гузман, а на медиумите да им се забрани да го пренесат нивниот идентитет.

Се очекува судењето да трае со месеци, пренесува „Индепендент“.

Тој е екстрадиран во САД од Мексико минатата година и се соочува со обвиненија поради наводната улога која ја имал во водењето на “царството со дрога“, кое е одговорно за многу убиства и криумчарења.

Коментари

Коментари

Related Articles