Фото: Ова е првото македонско Фиќо на струја, вози со 130 км на час, се нарекуа ЗАС Г20

 Breaking News

Фото: Ова е првото македонско Фиќо на струја, вози со 130 км на час, се нарекуа ЗАС Г20

Фото: Ова е првото македонско Фиќо на струја, вози со 130 км на час, се нарекуа ЗАС Г20
February 08
13:21 2019

Група етузијасти од Скопје, здружени во ББ Класик Карс, денеска промовираа македонски електричен автомобил наречен ЗАС Г20.

Станува збор за реставрирано „фиќо“, во кое е вграден електричен мотор, батерии и сета останата опрема потребна за конверзија на бензинскиот во електричен погон, јавува Нова Македонија.

Возилото е придвижено од 20 киловатен мотор, има нулта емисија на јаглерод диоксид, а со едно полнење на батериите може да помине до 150 километри, во зависност од начинот на возење.

Максималната брзина му е ограничена на 130 километри на час.

Батериите се полнат за три до три и пол часови на домашен мрежен приклучок, додека на брз еднонасочен полнач полнењето одзема 15 минути.

Извор фото Нова Македонија.

Коментари

Коментари

Related Articles