ФОТО: „Република Македонија” симнато од зградата на Владата, ќе се монтира „Северна”

 Breaking News

ФОТО: „Република Македонија” симнато од зградата на Владата, ќе се монтира „Северна”

ФОТО: „Република Македонија” симнато од зградата на Владата, ќе се монтира „Северна”
February 11
09:02 2019

Владата синоќа ги симнала буквите „Влада на Република Македонија“ од фасадата на зградата на Владата, најверојатно за да се направи место за „Северна Република Македонија”, пишува денеска СДК.МК. Грција со вербална нота треба да ја извести Република Македонија дека се поминати сите пречки за ставање на крај на деценискиот спор за името.Претходно, Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, ги појасни следните чекори откако грчкиот Парламент во петокот даде зелено светло за Протоколот за членство во НАТО, а на 25 јануари го ратификуваше Договорот од Преспа и кажа дека од понеделник започнуваат обврските во внатрешноста Македонија да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено.

Коментари

Коментари

Related Articles