Германски експерименти: Децата настанати во тајниот проект на Хитлер се сè уште живи!

 Breaking News

Германски експерименти: Децата настанати во тајниот проект на Хитлер се сè уште живи!

Германски експерименти: Децата настанати во тајниот проект на Хитлер се сè уште живи!
February 15
21:37 2018

Освен логорите на смртта, втората најголема тајна на нацистичкиот систем бил т.н. проект Лебенсборн. Според расистичките идеи на филозофот Алфред Росенберг, техничките детали ги разработил самиот Хајнрих Химлер.

Идејата на Хитлер била да се одгледуваат стотици илјади русокоси силни деца во специјални домови, со цел да се создаде супернација до 1972 година, која би броела околу 120 милиони луѓе.

Нацистичките вооружени сили во тој контекст би формирале 600 СС-дивизии. Со таа воена моќ, тие сметале дека никој не би можел да им се спротивстави.

Оваа потполно неверојатна идеја за промена на човекиот род во целиот свет била можеби и најлудата замисла која таа екипа, оспедната со мистични култови, алхемија и еугеника, некогаш ја осмислила.

Идеални им биле Норвежаните, “потомците на Викинзите”

“Нордискиот човек е најубавото човечко суштество на светот. И по интелигенцијата и по својата исклучителна појава, тој е супериорен.

Нордиецот има светла коса и сини очи – крал над кралевите во однос на сите останати припадници на човечката раса на Земјата”, вака пишувал Ханс Гунтер, нацистичкиот теоретичар на расите.

Според неговите критериуми, идеални биле Норвежаните, “потомци на Викинзите”. Викинзите, според него, давале идеално ариевско потомство бидејќи ги имале сите потребни карактеристики токму како и Германците, па дури и подобри. Сепак, Норвешка не била доволна.

Собирање жени за создавање на суперариевска раса

Според планот на Хитлер, бил основан специјален тим за “расен избор” кој низ окупираните земји, односно низ целиот свет, требало да собере жени за создавање на суперариевска раса.

Агентите патувале низ Норвешка, Холандија, Белгија, Данска, Франција, Велика Британија, Канада, Австралија и САД.

Кога Вермахтот пристигнувал во тие земји, тие отпочнувале со акција и избраните жени завршувале во Германија. Проектот таму веќе работел со полна пареа.

Кон средината на 1936 година, Химлер го отворил првиот Лебенсборн во еден дворец близу Минхен. Системот вклучувал домови за мајки и домови за деца.

Експериментот не се одвивал според планот на Нацистите кои основале вкупно шест специјални домови за деца и 17 домови за мајки. Секоја Германка која имала повеќе од три деца, добила “Мајчински крст” како одликување.

Тоа било одлика еднаква на “Железниот крст” кој се доделувал за храброст во Германија. Сепак многу делови од експериментот тргнале, за нацистичките еугеничари, во погрешна насока.

Со текот на времето, многу новороденчиња добивале потемна боја на коса. Децата кои не останале русокоси, ги чекала тажна судбина – задушување со гас.

Пред крајот на војната, Хитлер наредил уништување на сите Лебенсборнови деца, но таа наредба никогаш не била извршена.

Коментари

Коментари

Related Articles