Го прашале најбогатиот човек на светот: Што би направил со 2 долари – ова е неговиот одговор

 Breaking News

Го прашале најбогатиот човек на светот: Што би направил со 2 долари – ова е неговиот одговор

Го прашале најбогатиот човек на светот: Што би направил со 2 долари – ова е неговиот одговор
February 10
23:41 2019

Бил Гејтс кој е еден од најбогатите луѓе на планетата, но и еден од водечките светски филантропи, поминал доста време работејќи и помагајќи им на сиромашните во Африка, така што знае како е најпаметно да се живее со само два долари.

Во текст кој го објавил на сопствениот сајт, Гејтс понудил некои „трикови“ со чија помош може да живеете само со два долари дневно. Тоа е она што јас би го правел – би одгледувал пилиња – порачал Гејтс, а потоа ја објаснил својата одлука.

Пред се, за нив е лесно и евтино да се грижите, објаснува Гејтс, а може да помогнат и за здравјето на децата, затоа што се непроценлив извор на храна.

Претпоставуваме дека фармер започнува со 5 кокошки. Еден од соседите има петел кој може да помогне да се добијат јајца од кокошките. После три месеци фармерот може да има дури 40 пилиња. И на крај продажната цена од пет долари по пиле што е типично за Африка, може да доведе до заработка од над 1000 долари годишно – објаснува Гејтс.

Коментари

Коментари

Related Articles