Грчки лингвист го признава македонскиот: Македонскиот не е „словенски дијалект“, туку јазик!

 Breaking News

Грчки лингвист го признава македонскиот: Македонскиот не е „словенски дијалект“, туку јазик!

Грчки лингвист го признава македонскиот: Македонскиот не е „словенски дијалект“, туку јазик!
February 18
12:15 2018

Платформата за истражувачко новинарство и анализи објавува напис на грчката славистка Александра Ионаиду во која таа нема дилема за постоењето на македонскиот јазик

“Во таканареченото „македонско“ прашање, кое неодамна беше преименувано во „скопјанско прашање“ зборовите се бомби. Тие може да фрлаат во ветар животи и кариери. Веќе подолго од две децении, политичарите, академиците, универзитетските професори ги извршуваат своите дејности под режим на постојана автоцензура за да не ја „засегнат“ националната пречувствителност на еден дел од професионални националисти, кои со своите екстремни повици повлекуваат кон себе многу грчки граѓани, поттикнувајќи ги на бунтови и на однесување спротивно на сите што, можеби, не ја пеат со нив истата песна за таканаречените „национални позиции“.

А сите кои навестуваат дека нашите сопствени (а не на другите) иредентистички напеви ( како на пр. „ Македонија е една и таа е грчка!“) се сѐ друго освен „национални“, макар што изразот „национално“ нема никаква врска со гнaсниот и опасен израз „националистичко“, се осудени да горат вечно во пеколот, носејќи го квалификативот „скопјанофилски антигрк“.

И сите што сакаат да ја спомнат соседната земја, осудена на анонимност, нервозно трагаат по соодветни термини кои истовремено треба да бидат неутрални и „објективни“, само за да не бидат обвинети.

Истовремено, десетици илјади евра, средства од државните фондови се имаат потрошено на некои чудни национал-патриотски здруженија и на разни други патриотски центри, како и на оние што даваат услуги во разни служби, а на темата за името на БЈРМ се имаат изградено кариери и кариери.

Тие не зборуваат … ,,беjoeремски”

Еден ден во историјата ќе биде запишано кој бил тој блескав ум што го вовел овој бесмислен акроним што веќе толку години нѐ тера да се сопнуваме врз невозможните, а неопходно агресивни дефиниции (како на пр. „ беjoeремски јазик“ или „бејоеремските граѓани“, што би било чиста глупост), што доведе до тоа сите нив, еднострано, безумно и навредливо, да ги крстиме: „Скопјани“!

Во текот на изминатите неколку недели, имаме многу интересен развој на настани достојни за пофалба, настани кои одат во насока на ослободување од овие тешки болести на зглобовите, од кои боледува и нашиот однос со нашите долговековни соседи, и водат кон решение што ќе придонесе да се опоравиме сите ние.

На 30 јануари, грчкиот министер за надворешни работи даде одредени изјави. И според тие изјави секој со зачуденост би можел да се увери дека болестите успеале донекаде да омекнат. Не ми е познато кој ли дипломатски ум му сугерирал на министерот да го именува јазикот на анонимните луѓе како „словенски дијалект“!

Цитирам од неговите изјави: „За грчката страна има големо значење сложениот збор што ќе се договори за именувањето да биде на словенски дијалект и тој да остане непреведлив“.
Му рекле на министерот да каже „дијалект“, а не „јазик“. И секако, тоа да го каже општо и неопределено – „словенски“. И претходно имало изјави од политички лица дека соседите немаат „никаков јазик“.

Меѓутоа, за големо разочарување на известувачите е изјавата што ја даде г-динот Коѕијас, која според мое мислење е многу несреќна и потценувачка , а дека „Бејоеремите“ веќе многу долги години имале и имаат јазик којшто (Слушни! Слушни добро!) сите, освен нас, го нарекуваат „македонски“. А приказната за овој јазик во кратки црти е следнава:

Историјата на македонскиот јазик

Јазикот на БЈРМ (или со други зборови македонскиот) е мајчин јазик на најмалку 1,3 милиони граѓани (податоците се од 1999) кои живеат во Поранешната Југословенска Република Македонија, и која ја прогласи својата независност во 1991 година. Тој јазик, заедно со бугарскиот му припаѓа на источната подгрупа од јужнословенските јазици и заедно со албанскиот, бугарскиот и со романскиот спаѓа во т.н. балкански јазичен сојуз. Неговиот правопис кој води потекло од 1945 година, со реиздавања и корекции во 1970, 1979, 1986 година има фонетски карактер, со други зборови настојува да ја изрази секоја фонема само со една буква.

Буквите Ѓѓ, Ѕѕ, Љ љ, Њ њ, Ќ ќ и Џ џ покажуваат на прозваното отстапување од бугарскиот јазик кој е природно најсродниот јазик до македонскиот, со истовремено приближување до српската азбука. Се транскрибираат (со истиот редослед) на следниов начин: g’, dz, j, lj, nj, k’, dž и се изговараат [g’], [dz], [lj], [nj], [k’] и [dž].

Официјалната хронологија за почетокот на постоењето на службениот, стандардизиран јазик може да се смета 1944 година, а и да се земе датумот 2 август, со прогласот на „ Антифашистичкото заседание“ во манастирот Прохор Пчињски за кодификација на јазикот на Македонците.

Многумина почетоците на идејата за јазикот ги лоцираат во 1903 година, со издавањето на книгата „За македонските работи“ од македонистот Крсте П. Мисирков во Софија.

Кодификацијата (стандардизацијата) на јазикот се заснова врз централните дијалекти на територијата на денешната БЈРМ. Како појдовна точка послужила потребата за сосема јасно оддалечување од бугарските елементи на јазикот. Во овој обид многу голема вредност имаше делото на книжевникот и филолог Блаже Конески, пишува Ионаиду за пина.мк Целата колумна на овој линк

Коментари

Коментари

Related Articles