Груевски: Јас еден ден ќе се вратам, не сум дојден тука да живеам, туку да се засолнам од политичкиот прогон на власта, јас сум неправедно осуден

 Breaking News

February 02
18:58 2019

Тој призна дека рекол дека ако треба тој ќе се жртвува и ќе влезе во затвор, но додаде дека потоа слушнал за планот да биде ликвидиран во затворот.

Јас најпрвин бев со намера доколку власта оди до крај, да влезам во затвор. Иако неправедно, иако со тотално луди пресуди, но во последните денови добив информации за планирана ликвидација во затворот. Тогаш почнав да размислувам да заминам, а конечната одлука беше на самиот крај. Од лица кои беа добро информирани за состојбите внатре од затворот ги добив информациите за ликвидацијата. Не можам да го кажам јавно кој ми ја спремал ликвидацијата, зошто не можам тоа да го докажам, вели Груевски.

Унгарија ја одбрал како што рече бидејќи проценил дека станува збор за земја членка на Унијата, која има независни институции… Сепак вели дека немал контакт со Виктор Орбан.

Немав контакт со Орбан пред да избегам, ниту тука не сум разговарал со Орбан, вели Груевски. Јас еден ден ќе се вратам. Не сум дојден тука да живеам, туку да се засолнам од политичкиот прогон на власта. Јас сум неправедно осуден, заклучи Груевски.

Коментари

Коментари

Related Articles