Груевски: Миравци не може да се спореди со Реал Мадрид, сеуште се шлепаат на сработеното од нас, донесовме над 100 инвеститори странски

 Breaking News

Груевски: Миравци не може да се спореди со Реал Мадрид, сеуште се шлепаат на сработеното од нас, донесовме над 100 инвеститори странски

Груевски: Миравци не може да се спореди со Реал Мадрид, сеуште се шлепаат на сработеното од нас, донесовме над 100 инвеститори странски
February 10
19:18 2019

Груевски во интервју за Инфомакс, потенцира дека во негово владеење се донесени над 100 инвеститори странски. Миравци не може да се спореди со Реал Мадрид, вели Груевски.

Груевски раскажува дека се создала внатрешна конкуренција, кој ќе биде поуспешен, меѓусебно се натпреварувале, се расправале кој со кој директор разговарал, имало борба за успех на државата но и на инвидуален успех на промоторите за странски инвестиции и министерите за странски инвестиции.

Ценовникот што го објави сегашната влада не чини, конкурентите го гледаат ценовникот, вели Груевски, потенцирајќи дека конкуренцијата на Владата, другите држави кои сакаат да донесат нови странски инвестиции, можат 10% да им дадат повеќе субвенции на новите странски инвеститори во однос на Македонија.

Ние имавме сеопфатен пристап, вели Груевски, пуштивме промотори во многу држави и многу инвеститори дојдоа кај нас, но ако го објавиш ценовникот колку даваш субвенции и секој ти го гледа, некој може 50 долари повеќе да даде и така ќе го изгубиш инвеститорот.

Ние испуштивме до сега најмалку 40/50 крупни инвестиции, вели Груевски. Времето лета луѓето си го бараат чарето, одат Швајцарија, Италија, со објавувањето на тарифникот си направија штета на својата држава.

Сеуште се шлепаат на сработеното од нас, вели Груевски.

50 нови инвестиции требаше да има но избегаа, ништо од небо не паѓа, треба да се сработи, вели Груевски.

Коментари

Коментари

Related Articles