Инспекторатот за земјоделство си се почестил со нов луксузен автомобил од 32.000 евра, моделот на автомобилот е „Super B“ од марката „Skoda“

 Breaking News

February 17
21:28 2018

Државниот Инспекторат за земјоделство пред Нова Година си се подновил со луксузен автомобил вреден над 32.000 евра.

Според договорот за јавна набавка кој В.Д. директорот Јане Станкоски го склучил со компанијата Јосифов од Битола, на 25 декември минатата година, купен е автомобил од типот седан за цена од 2.010.124 денари, пишува Press24.mk

Во договорот не е прецизирано за каков тип на автомобил станува збор но затоа се повикува на завршена постапка за јавна набавка.

И преку неа не може да се открие типот на возилото но затоа може да се види дека фирмата Јосифов била единствен понудувач на тендерот.

Ако се провери компанијата Јосифов на интернет може да се види дека станува збор за овластен дилер на автомобилите од типот Шкода.

Според неофицијалните информации, станува збор за супер луксузна Шкода Супер Б, најскапата лимузина од гамата на овој производител.

Очигледно автомобилите се во мода меѓу македонските политичари и државни службеници.

Така пред неколку дена медиумите објавија и за градоначалникот на Дебар, Ружди Љата кој набавил луксузен џип вреден дури 50.000 евра, пишува Press24.mk

Коментари

Коментари

Related Articles