ИСИС собори руски воен хеликоптер во Сирија – Видео од уривањето

 Breaking News

ИСИС собори руски воен хеликоптер во Сирија – Видео од уривањето

July 10
13:58 2016

Припадници на терористичката група Исламска држава урнаа руски воен хеликоптер над територијата на Сирија, при што загина двајцата негови пилоти, соопшти синоќа Министерството за одбрана на Русија.

Како што јави ТАСС, во соопштението се посочува дека хеликоптерот од типот Ми-25 бил во мисија да им помогне на сириските владини сили, кои биле нападнати од поголема група џихадисти источно од градот Палмира во централната сириска провинција Хомс. Благодарение на дејствувањето на рускиот хеликоптер, напредувањето на припадниците на ИД било запрено, но кога леталото се враќало во својата база било погодено со истрели од земја, се додава во соопштението.

Евгениј Долгин и Рифагат Кабибулин се предложени за постхумно наградување со највисоки државни почести.

Коментари

Коментари

Related Articles