Избришани снимките со Груевски од системот во Албанија, ќе остане тајна како избегал

 Breaking News

Избришани снимките со Груевски од системот во Албанија, ќе остане тајна како избегал

Избришани снимките со Груевски од системот во Албанија, ќе остане тајна како избегал
January 29
15:48 2019

Снимките од безбедносните камери од бегството на осудениот Никола Груевски од Албанија не се обезбедени, и оваа држава не постапила по барањето за меѓународна правна помош од безбедносните служби, одговори на новинарско прашање, државниот обвинител Љубомир Јовески на дебатата на Законот за СЈО во МАНУ.

Има неколку образложенија од албанската страна, но основно е дека имало голем број снимени материјали на камерите и дека тој нивни систем не можел подолго да ги чува, рече Јовески.

Тој додаде дека меѓународната помош е сложена операција која се остварува под посебни услови и дека нашето Обвинителство направило сè по процедура, но дека резултатот е тој.

Напуштањето на Република Македонија, Груевски го извршил преку соседна Албанија, за да таму да се упати кон Црна Гора, Србија па Маџарска.

Коментари

Коментари

Related Articles