Јас самохрана мајка, тој инвалид, заедно протестиравме, а сега сме на улица

 Breaking News

Јас самохрана мајка, тој инвалид, заедно протестиравме, а сега сме на улица

Јас самохрана мајка, тој инвалид, заедно протестиравме, а сега сме на улица
November 14
09:47 2017

“Кога на улица излегоа 3-10 луѓе за да се спротивстават на режимот тој беше тука, прв во инвалидска количка. Си велев, што можеме да направиме ние. Тој инвалид, јас мајка незаштитена со дете…

Другите исто…Ама првото разочарување веднаш ме напушти. Затоа што народот почна да зборува…Почна да се отвара народот за сите злодела кој му ги нанесе режимот…
Благојчо беше неуморен борец…

Доаѓаше секој ден во инвалидска количка од Кочани за да се спротивстави на режимот. Кога бевме пред Влада имаше една трогателна снимка која секогаш ќе ми остане како едно мрачно сеќавање…

Врнеше, дуваше, шаторите почнаа да летаат на сите страни. Почнавме да ги собираме, да ги вадиме од калта. Тогаш Благојчо излезе со знамето во рака, на дождот сигурно седеше така 10 минути, со цел да не охрабри…

И не охрабри ( имам некаде видео на фејсов ) само толку многу споделувавме против режимот што не можев да го најдам ќе ми требаа часови…

Седеше на улица на дождот со македонското знаеме и ни покажа дека треба да останеме.
Каде е истиот тој денеска? Знаете дека истиот тој треба да се грижи за себе си инвалид? Знаете како стана инвалид? 

Знаете дека има две дечиња кои едвај ги гледаше додека требаше да се спротивставува на режим. Не знаете. А знаете зошто не знаете? Зашто тој е сеуште на улица, затоа што неговиот статус не се ни потрудивте да го решите. 

Епа боли другари, многу боли. Зашто побарајте по снимките колку пати полицијата на Чавков и Мијалков му ја превртија количката, колку пати лежеше на земја неподвижен…Знаете што боли. 

Што ваквиот кадар е неспособен. Повеќе способен кадар има во оние кои ве тепаа. Седам, гледам и не можам да верувам. 

Ванѓел Тркаланов ( исто инвалид ) чиј татко има ланец на земјоделски аптеки и кои заедно еа секој ден на улиците За Заедничка Македонија, кои плукаа, кои ,,црпко,, сеја дека ќе уништи Македонија е удобно сместен кај Мила Царовска. Знаете колку боли?

Љупка Цветкова тогаш велеше: Овој човек протестира за Вашите деца…Не, овој човек протестирал за оние кои тепаа во Сорание.
Инвалидската количка ја искрши по протести…Му следува нова за пет години. А нова сега да купи е 500 евра. Од социјалната помош да ја купи?! Греота.
пс. Сакам секој што се чувствува како вистински борец да го сподели статусот. Да се види кои се ,,нашите,, (не) кадри.”

Фејсбук статус на Ивана Божиновска

Коментари

Коментари

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment