Катимерини: За 40 или 50 години можно е создавање единствена, мултиетничка, федерална македонска држава

 Breaking News

Катимерини: За 40 или 50 години можно е создавање единствена, мултиетничка, федерална македонска држава

Катимерини: За 40 или 50 години можно е создавање единствена, мултиетничка, федерална македонска држава
February 05
07:30 2019

При детална анализа на предностите и слабостите на Преспански договор, грчкиот весник „Катимерини“ одгоори и на прашањето „би можело ли постоењето на Северна Македонија да претставува закана за Грција?“ -Историското време не може да се сведе на природно време.

Грција нема да се соочи со никаква закана во следните години, всушност, земјата ќе се засили, паралелно со зголемувањето на стабилноста на Балканот.

Меѓутоа, надградувањето на БЈРМ во „Северна Македонија’“ и признавањето на ‘македонски идентитет’ може во историски рамки да означува посејување на семето за нешто поголемо. Соседната држава ќе се претвори во автономен инкубатор на македонски идентитет.

Во иден геополитички развој 30, 40 или 50 години од сега натаму големите сили би можеле да поддржат создавање единствена, мултиетничка, федерална македонска држава – во или надвор од Европска унија – која би забила клин на Балканот. Таквите геополитички калкулации лежат зад бугарската резервираност во однос на Преспански договор“, пишува Павлос Пападопулос за „Катимерини“.

Коментари

Коментари

Related Articles