Ќе летаат казни: Владата нареди цените на некои производи да се вратат како пред поплавите

 Breaking News

Ќе летаат казни: Владата нареди цените на некои производи да се вратат како пред поплавите

Ќе летаат казни: Владата нареди цените на некои производи да се вратат како пред поплавите
August 12
09:23 2016

На предлог на министерот за економија, Владата на последната седница донела одлука највисоките цени на одделни производи, односно на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитини маски и средства за дезинфекција, да се вратат на нивото кои се применувало до 5 август 2016 година.

Од Министерството за економија информираат дека одлуката, донесена врз основа на член 30 став 1 алинеа 2  од Законот за трговија, се однесува на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, а поради случаи на злоупотреба на дел од трговците констатирани при проверка на Државниот пазарен инспекторат, по  поплавите во скопскиот и тетовскиот регион и зголемената употреба на производите.

Министерството за економија појаснува дека користејќи ја зголемената побарувачка на овие производи, некои трговци ги зголемија цените на флаширана вода, свеќи за домаќинство, заштитни ракавици, гумени чизми, лопати, заштитни маски и средства за дезинфекција, па целта на оваа Одлука е да се вратат цените на овие производи на нивото кое важело до 5 август 2016 година (пред поплавата), кога побарувачката за овие производи била нормална, т.е. немало побарување на значителни количини за овие производи.

– Имајќи превид дека цените на производите трговците ги утврдуваат самостојно и како резултат на ова цените на овие производи се различни кај секој одделен трговец, со враќањето на цените на нивото од 5 август 2016 година не се нарушува правото на трговците за самостојно формирање на цени, бидејќи истите тогаш биле формирани самостојно, стои во соопштението.

Одлуката влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува до 31 август 2016 година.

Коментари

Коментари

Related Articles