Кире Лазаров доживеа пораз, но за утеха го има најубавото женско друштво!

 Breaking News

Кире Лазаров доживеа пораз, но за утеха го има најубавото женско друштво!

Кире Лазаров доживеа пораз, но за утеха го има најубавото женско друштво!
October 05
22:41 2017

Македонскиот ракометар Кирил Лазаров го доживеа првиот пораз со екипата на Нант за францускиот шампионат, тим за кој нашиот Кире настапува.

Иако водеа на полувремето, на крајот го загубија дербито и го доживеаја првиот пораз за оваа сезона. Нашиот Кире постигна два гола, но не и посакуваната победа на терен.

Во вакви моменти најдобро е до себе да се има човек кој безрезервно ја дава својата поддршката, а Лазаров јас има најсоодветната личност до себе за тоа. Имено, во Франција моментално престојува и сопругата Љубица, која е целосно посветена на својот сопруг и кога е работно окупиран. Нашиот познат ракометар нема пракса да објавува фотографии со семејството, но овој пат направи исклучок и објави таква со сопругата.

Инаку, Кире и Љубица беа во врска уште од својата 17-та година, по што ја крунисаа љубовта со брак. Таа по професија е докторка, но досега не работела по струка, туку е посветена на двете деца и сопругот.

 

Коментари

Коментари

Related Articles