Кога тогаш ќе те стигне: Русинка реши да ѝ го дотера умот на докторката, која одамна имала афера со нејзиниот сопруг

 Breaking News

Кога тогаш ќе те стигне: Русинка реши да ѝ го дотера умот на докторката, која одамна имала афера со нејзиниот сопруг

Кога тогаш ќе те стигне: Русинка реши да ѝ го дотера умот на докторката, која одамна имала афера со нејзиниот сопруг
November 14
08:21 2017

Русинка упаднала во канцеларијата на една локална телевизиска презентерка, докторка по професија, и почнала да ја тепа поради тоа што била љубоморна бидејќи нејзиниот сопруг бил вљубен во водителката.

Инцидентот се случил пред еден месец, но видеото излегло во јавност неодамна. 

Повредената жена е гинеколог-акушер, Лариса Шаманова, која исто така има своја емисија поврзана со медицината и здравјето.

„Жената што ме удира се вика Фатима Сазарукова, разведена мајка на две деца. А видеото го снима нејзината снаа.“, објаснува Лариса.

Според неа, пред две години се запознала со вработен во одделот за кривични истраги Ислам Семенов.

„Нашите односи не траеа долго, бидејќи ми се јави Фатима Сазарукова и ми рече дека таа и Ислам имаат афера и дека ќе се венчаат.“, вели водителката.

Таа повеќе не комуницирала со детективот, кој неодамна одлучил да ја напушти Фатима.

„Од некоја причина таа сфатила дека тој ја остава поради мене и дека ќе се ожени со мене.“, вели Лариса.

Како резултат на тоа, Сазарукова и нејзината снаа побрзале во канцеларијата на гинекологот, ја зграпчила за коса и почнала да ја тепа.

„Јас ја пријавив во полиција, а таа бараше да ја повлечам тужбата, кога не го сторив тоа, таа ја објави снимката.“, објаснува оштетената.

Моментално се спроведува истрага во врска со нападот на Лариса о страна на Фатима.

Коментари

Коментари

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment