Колумна на Стевчо Јакимовски: Пукнете!

 Breaking News

Колумна на Стевчо Јакимовски: Пукнете!

Колумна на Стевчо Јакимовски: Пукнете!
February 02
15:57 2018

Нека пукнат од мака, ама јас не сум направил сообраќајна несреќа. Сакаа да направ паралела, или да покријат друг случај ама не им оди. Кога комуњарската информација се виде дека им е тотално фејк, веднаш МВР излезе со соопштение вклучувајќи ги и иницијалите на учесниците во сообраќајната несреќа.

Пак не се смируваа, пак им е криво. И, ако во сообраќајката учесник е мојата сопруга нив им е мерак да кажат дека таа удрила во моторот. Е, нека пукнат ама моторот удрил во неа и тоа на црвено. Цела среќа е што човекот е добар, нема потешки повреди. Во текот на вчерашниот ден повеќепати сопругата се јави и комуницираше со неговата сопруга, и вечерта човекот што го возел моторот се јави да се извини за траумата што ја преживеа мојата сопруга.

Секој што е учесник во сообраќајот, од пешак до велосипедист, возач на автомобил или моторџија може да му се случи несреќа. И, на тоа нема ситење.

Кога дознаа дека на ниту еден начин јас не сум учесник во сообраќајната незгода, креираа нови лаги. Јас сум возел, и веднаш сум се преместил на другото седиште. Реалноста е дека на местото на несреќата јас пристигнав после половина час.

Кутри комуњарчиња. Без лага крвта не им циркулира. Тромбоза фаќаат. Треба „редергин“ да пијат. Тие се среќни и во несреќа. Ама, Господ има – ќе им врати. Засега нека испоцркаат, се е чисто како солза. Си наседнаа на сопствените лаги.

Коментари

Коментари

Related Articles