Легендарниот „VW Golf II GTI“ – спортскиот автомобил за народните маси (ВИДЕО)

 Breaking News

Легендарниот „VW Golf II GTI“ – спортскиот автомобил за народните маси (ВИДЕО)

Легендарниот „VW Golf II GTI“ – спортскиот автомобил за народните маси (ВИДЕО)
November 27
22:06 2017

Оригиналниот голф ГТИ (Volkswagen Golf GTI) е основоположникот на целиот сегмент на спортски хечбеци, но за голем број луѓе токму втората генерација навистина ја зацементира легендата на голфот ГТИ.

Комбинирајќи ја секојдневната практичност со вистински спортскиот карактер на асфалтот, втората генерација на голф ГТИ во своето време беше посакуван автомобил, отворајќи место за големиот број жестоки модели со три и пет врати кои следуваа.

Ендрју Такер три години бил во потрага по оригинален, немодифициран голф ГТИ, откако првиот што го поседувал бил жртва на пожар. Неговата поврзаност со ГТИ оди далеку наназад, до времето кога татко му го возел во неговиот ГТИ.

Неговата решеност да го зачува 16-вентилскиот ГТИ колку што може пооригинален ја покажува неговата почит кон овој специјален хечбек.

„Автомобилот е целосно оригинален освен доработената амортизација: оригинален ентериер, оригинални 15-инчни ББС тркала, оригинални мотор и менувач“, вели Такер. „Дел од убавината на овој автомобил е што е зачуван, а не е модифициран“.

Коментари

Коментари

Related Articles