Мајка го подава своето дете на маж преку прозор за да го спаси – потресно видео од земјотресот во Тајван

 Breaking News

February 08
09:01 2018

Нов силен земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Тајван, само еден ден откако островот беше погоден од земјотрес од 6,4 степени, при што загинаа шест луѓе.

При вчерашниот земјотрес што го потресе тајванскиот град Хуалиен загинаа шест лица, 225 се повредени, а над сто лица се водат како исчезнати.

Хуалиен, град од 100.000 жители, се наоѓа на 180 километри од главниот град на Тајван, Тајпеј.

Поради земјотресот 40.000 домаќинствата останаа без вода, а 1.900 се без електрична енергија.

Коментари

Коментари

Related Articles