Македонката што го победи грчкото лоби во Сенатот на Америка

 Breaking News

Македонката што го победи грчкото лоби во Сенатот на Америка

Македонката што го победи грчкото лоби во Сенатот на Америка
January 16
22:21 2019

Ана Дукоска е Македонка, родена во Охрид, Живее во главниот град на САД, Вашингтон.

Во македонската историја ќе остане запишана како Македонката што го победи грчкото лоби во американскиот Конгрес.

Скромната Охриѓанка од која expres.mk побара разговор не сакаше да даде интервју. Вели дека не е време за лична промоција, славење и триумфализам во моменти кога Македонија крвари и се соочува со губење на својата историја и идентитет.

За резолуцијата 602 со која грчкото лоби во Вашингтон доживеа дебакл, само кратко ни порача дека ова не е нејзина победа туку е победа на сите Македонци во САД, во Македонија и во целиот свет. И дека победата е важна но дека многу поважно е утре македонските пратеници да не дозволат промена на македонскиот устав и уставното име.

А како Дукоска ја извојувала победата објаснуваат македонски активисти во САД кои за неа велат „ако реши и Охрид ќе го донесе во Америка“.

Нејзината историска приказна започнала непосредно по референдумот за името на почетокот на октомври минатата година кога таа напишала писмо со резултати од референдумот.

Во писмото таа со конкретни примери од меѓународни конвенции, македонскиот устав и закони на американските сенатори им објаснува како власта во Македонија го крши уставот.

Со недели одела од врата на врата, од кабинет до кабинет во Конгресот на САД. Им објаснувала лично на преку 150 конгресмени и сенатори што се случува во Македонија и со каква неправда се соочуваат Македонците.

Приказната меѓу младата Македонка и искусните политички волци од Конгресот на САД која наликува на битката меѓу Давид и Голијат, завршува по американските „прајмарис“ (избори за места во Сенатот и Конгресот) кога на првата сесија после изборите Резолуцијата 602 на Сенатот која што беше негативна за Македонија воопшто не била ставена на гласање.

Американскиот сенатор Боб Коркер кој беше нејзин спонзор односно прв ја претстави на Конгресот веќе не е дел од законодавниот дом на САД а неговата резолуција е поништена. Таа не добила доволно поддршка за да се стави пак на гласање.

Целиот текст прочитајте го на Експрес.мк.

Коментари

Коментари

Related Articles