Мекафи: За пет години половина од светот ќе користи криптовалути (ВИДЕО)

 Breaking News

Мекафи: За пет години половина од светот ќе користи криптовалути (ВИДЕО)

Мекафи: За пет години половина од светот ќе користи криптовалути (ВИДЕО)
February 01
14:33 2018

За половина декада криптовалутите ќе станат сеприсутно платежно средство, смета Џон Мекафи (John McAfee), легендарниот пионер и гуру во светот на софтверот за анти-вирусни програми.

– Ви ветувам, за пет години од сега повеќе од половина свет ќе користи криптовалути.

Другата половина, пак, што нема да користи криптовалути, е половината што веројатно немаат смартфони или немаат пристап до интернет – истакна Џон Мекафи во изјава за „Раша тудеј“, на конференцијата за т.н. „блокчеин“ технологија што се одржа на Бали.

Неговите изјави доаѓаат во време кога биткоинот, најпопуларната валута во мигов, е во постојани турбулуенции во однос на вредноста. Од крајот на минатата и почетокот на оваа година, вредноста на биткоинот е околу 10.000 долари.

Мекафи, воедно смета дека до 2020 година, биткоинот ќе достигне вредност од милион долари. Првично тој сметаше дека до таа година биткоинот ќе вреди половина милион долари, но оваа прогноза ја смени откако вредноста на оваа криптовалута почна енормно да расте.

„Кога предвидов дека до крајот на 2020 година биткоинот ќе вреди 500.000 долари, користев модел којшто предвиде дека до крајот на 2017 година валутата ќе има вредност од 5.000 долари. Но биткоинот (BTC) порасна многу побрзо од тоа што прогнозирав.

Сега, прогнозирам дека биткоинот ќе има вредност од еден милион долари до крајот на 2020 година. Ќе го изедам сопствениот пенис ако грешам“, напиша Мекафи на „Твитер“.

На конференцијата на Бали имаше повеќе од 1.000 учесници од педесетина земји, а на кои главна тема беа криптовалутите. Извор: AdToDate.mk / Russia Today)

Коментари

Коментари

Related Articles