Министерот за здравство Венко Филипче не го пријавил имотот

 Breaking News

Министерот за здравство Венко Филипче не го пријавил имотот

Министерот за здравство Венко Филипче не го пријавил имотот
January 31
20:21 2018

Министерот за здравство, Венко Филипче, не ја пријавил имотната состојба во анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата во законскиот рок, потврдуваат од институцијата за „Макфакс“.

Филипче беше избран за министер за здравство во декември лани, а одлуката беше oбјавена во 190. број на „Службен весник“ од 25 декември 2017 година.

Со тоа новиот министер не го почитува законскиот рок од 30 дена по стапувањето во функција да достави пополнет анектен лист до антикорупционерите.

Одговор од ДКСК за „Макфакс“
Од ДКСК не одговорија конкретно дали ќе го опоменат и дали прекршочно ќе го санкционираат министерот. Велат дека работеле неселективно и дека заклучоците ги носеле на седница.

„Државната комисија за спречување на корупцијата работи во согласност со принципите на еднаквост и неселективност, своите заклучоци ги носи на седница и во согласност со нејзините законски надлежности презема соодветни дејства. Тоа ќе биде направено и во овој случај по што ќе ви одговори што побргу“, велат од институцијата за „Макфакс“.

Според Законот за спречување на корупцијата, избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал, службено лице при изборот, именувањето, односно по вработувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, именувањето, вработувањето или стапувањето на должност, пополнува анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост или сопственост на членовите на неговото семејство.

Во прилог со анкетниот лист депонира и заверена изјава кај нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки.

Анкетниот лист и изјавата се доставуваат до Државната комисија и Управата за јавни приходи.

Глобата за ваков прекршок е во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.

Од Министерството демантираат.

„Информираме дека министерот за здравство, д-р Венко Филипче во целост го има запазено рокот за пријавување на имотот, односно поднесена е пријава на 25.01.2018, во рамки на законскиот рок и за тоа поседува писмен доказ – потврда за прием на пратка и фискална сметка за доставена пратка до ДКСК, со датум наведен согласно законските рокови. Во прилог доставуваме фотографија од фискалната сметка и доставницата.“

Коментари

Коментари

Related Articles