Мицкоски до Заев: Да не се крие во Германија, нека дојде и нека распише избори

 Breaking News

Мицкоски до Заев: Да не се крие во Германија, нека дојде и нека распише избори

Мицкоски до Заев: Да не се крие во Германија, нека дојде и нека распише избори
January 20
11:45 2019

Во интервју на Христијан Мицкоски за Press24, на прашањето „Барате ли избори за да не ги добиете?“ Мицкоски одговара:

ВМРО-ДПМНЕ бара избори, заедно со претседателските. Ги бараме веднаш, избори на еден трошок, парламентарни со претседателски. Бараме за да граѓаните стават крај на ова лудило, на ова бесчестие што и се случува на Македонија, да го стопираат губењето на државата.

Овие избори доколку се случат, нема да бидат избори на кој само се избира премиер и претседател на државата, туку избори на кој се одлучува за Македонија.

Ова ќе биде најзначајниот референдум за Македонија, на кој граѓаните ќе ја носат најважната одлука во својот живот за иднината на својата земја. Еднакво важна или можеби и поважна одлука од таа на 8 септември 1991 година.

Треба да сфатат луѓето дека со оваа власт Македонија ќе ја нема во овој облик и форма која ја знаеме затоа треба избори, претседателски и парламентарни со техничка влада за да се сопрат можностите и опаснстите за криминал, за местење на изборите.

Таквото местење преставуваат сериозна закана бидејќи овие луѓе само така може да опстојат на власт. Со местење. Со притисоци и закани, затоа бараме техничка влада.

Заев нека не се крие во Германија на скијање. Нека дојде и распише избори.

Јас сум убеден дека ВМРО-ДПМНЕ и народот ќе победи, а Заев ќе падне, ќе падне силно и ќе биде отфрлен од народот.

На прашањето од Press24 до Мицскоски „Владата се пофали со проекти од 4.2 милијарда евра инвестиции за транспортна инфрструктура. Велат дека брзо ќе почне да се гради и Чебрен и Галиште. Што се вашите видувања за ова?“ Христијан Мицкоски вели:

Ајде да одиме по ред. Прво планот кој го соопштија од 4.2 миијарди евра за инвестиции во транспортна инфраструктура, ќе кажам дека е инзворедно неразвоен и манипулативен.

Затоа што треба да се искрени и погласно да кажат дека тој е до 2030 година. Односно сега па за 12 полни години, каде во меѓувреме ќе се потрошат буџети од најмалку 40 милијарди евра. А они се фалат со 4.2 милијарди кои нема ни да бидат во состојба да ги реализираат.

Па навистина ги потценуваат граѓаните фалејќи се со нешто што треба да се заврши за 12 години од сега, во ситуација кога нам ни треба рапиден раст.

Второ што се однесува до Чебрен и Галиште, навистина незнам што му пренесуваат на Заев неговите советници, или тој навистина им верува. Единствено нешто што имаат во раце е студија започната од минатата влада.

Па се да се одвива по ултра брзо темпо, какво што до сега не сме виделе, првиот камен темелник на овој проект би бил од сега па за три години. Што значи дека станува збор за уште една лага. Трето гледам дека се фалат со гасификација.

Вистината е дека тие ја успорија гасификацијата. Пракитчно примарната мрежа се гради со минимални капацитети и вака како што тргнало гас граѓаните од цела Македонија може да очекуваат по дури речиси една деценија.

Друга загрижувачка работа што се одвива е тоа што има најави дека и она законско усогласување на пензиите кои се одвива секоја година, а со која тие растат по одреден процент, тој процент дополнително да се намали.

Односно слушаме дека Владата ќе го крати. Значи наместо владата да им додаде, таа ќе крати од пензиите на пензионерите.

Ние сме држава каде половина милион живее во сиромаштија. Поразителен факт. Губењето на државата и сиромаштијата може да се стопира само со смена на власта. Целото интерју со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прочитајте го ТУКА.

Коментари

Коментари

Related Articles