Мицковски се сретна со пазарџиите: Итно укинување на законот кој се однесува на пазарите (Фото)

 Breaking News

Мицковски се сретна со пазарџиите: Итно укинување на законот кој се однесува на пазарите (Фото)

Мицковски се сретна со пазарџиите: Итно укинување на законот кој се однесува на пазарите (Фото)
January 25
17:09 2019

Потребно е итно укинување на законот кој се однесува на пазарите. Пазарџиите ја имаат мојата целосна поддршка.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата „За подобра Македонија“ и пратеничката група, во рамките на Собранието поднесе закон со кој што практично бараме укинување на ова законско решение по итна постапка.

Ќе се организира јавна расправа, на истата јавна расправа ќе бидат поканети и луѓето тука од пазарите во Република Македонија да можат да си ги кажат маките, и да можат политичарите од владата да ја слушнат вистинската вистина и вистинските сведоштва на овие луѓе за сите овие проблеми со кои што се соочуваат.

А, не само да ветуваат пред избори, а потоа фино залегнати со топлинки, и навлечени во кожни фотелји да носат законски решенија од ракав што не само што не се функционални, туку и носат зло за оваа категорија на граѓани.

Јас денес го дадов и својот потпис против овој закон. – Ова го напиша Христијан Мицковски на својата фејсбук страница, воедно објави и фотографии од средбата:

Коментари

Коментари

Related Articles