Наместо да ја спасат мечката во Охрид, надлежните ја успале засекогаш (ФОТО)

 Breaking News

Наместо да ја спасат мечката во Охрид, надлежните ја успале засекогаш (ФОТО)

Наместо да ја спасат мечката во Охрид, надлежните ја успале засекогаш (ФОТО)
November 19
08:25 2017

„(НЕ)СТРУЧНИ СЛУЖБИ?! После информацијата добиена вчера, во коментар на претходна објава, од страна на наш сограѓанин, дека пред неколку дена во Љубаништа е застрелана мечка, решивме да истражиме повеќе за случајот и консултиравме неколку извори кои го потврдија настанот, кој се случил минатата сабота.

Мечката била заглавена во стапица, била повикана екипа од Скопје, нашите извори не знаеја од која институција или служба биле, претпоставка дека биле од ветеринарен институт. На локалното население не им било дозволено да се приближат до местото, кое го обезбедувале и припадници на Министерство за внатрешни работи.

Употребена била муниција за зашеметување и успивање, но според нашите извори дозите биле преголеми, така што мечката воопшто не се разбудила.

Според кажувањата на луѓето, ова бил втор ваков случај во Љубаништа. Ги повикуваме Министерство За Земјоделство, Шумарство И Водостопанство Пе Битола (Државниот инспекторат за шумарство и ловство), Министерство за животна средина и просторно планирање (Државен инспекторат за животна средина), ЈУНП Галичица, да излезат со конкретни извештаи, да објават повеќе детали за настанот, и зошто веќе втор пат се случува ваква незгода.

Ги повикуваме и МЕД/MES да го истражат случајот, со оглед дека ги следат состојбите со дивите животни на нашите планини.

Дали се работи за нестручно постапување или за нешто друго? Недозволив е ваквиот однос.

Доколу се утврдат неправилности во постапката, бараме и санкции.“ пишува Охрид SOS на својата фејсбук страница, каде и објави фотографија од мечката:

 

Коментари

Коментари

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment