Народна Банка пушти во оптек нови ковани пари од 100 денари

 Breaking News

Народна Банка пушти во оптек нови ковани пари од 100 денари

Народна Банка пушти во оптек нови ковани пари од 100 денари
February 09
17:36 2018

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Риби“ и „Овен“ од серијата „Хороскопски знаци“

Кованата пара „Риби” од серијата „Хороскопски знаци“ ги има следниве карактеристики:

– на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Риби. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

– на реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на риби од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот риби и соѕвездието Риби претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак риби. Во долниот дел се претставени две златни рипки на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – PISCES и ознаката „Ag 925“.

Кованата пара „Овен” од серијата „Хороскопски знаци“ ги има следниве карактеристики:

– на аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа кои го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Овен. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот систем. Во позадината е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“.

– на реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на овен од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создадена од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на знакот овен и соѕвездието Овен претставена на монетата преминува и на вметнато кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак овен. Во долниот дел е претставена глава на златен овен на позадина на цртеж на кој е претставен Сончевиот систем. На левата страна се прикажани латинското име на хороскопскиот знак – ARIES и ознаката Ag925.

Овие ковани пари се изработени од сребро Ag925, со тежина на среброто од 23,30 г, чистота на среброто од 19,43 г, во квадратна форма со димензии 37 х 37 мм, полирани со позлата и вметнато кобалтно стакленце со димензии 18,4 х 6,1 мм.

Цената на кованaтa парa „Риби“ и на кованата пара „Овен“ изнесува 2.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Коментари

Коментари

Related Articles