Научете албански да се разбираме, да не бидеме пратеници-слушалки, му порача Адеми на Минов

 Breaking News

Научете албански да се разбираме, да не бидеме пратеници-слушалки, му порача Адеми на Минов

Научете албански да се разбираме, да не бидеме пратеници-слушалки, му порача Адеми на Минов
November 13
13:52 2017

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Панчов Минов, во својот говор уште еднаш го повтори ставот на опозицијата дека е против законот за употреба на јазиците, при што, како што рече, со него се воведува двојазичност на цела територија. 

Тој додаде дека не прифаќа да биде пратеник-слушалка.

„Не знам која е целта на овој закон, да се воведе негова употреба во Кавадарци или во Пробиштип. 

СДСМ тврдеше дека нема да има двојазичност во сите локални самоуправи, но според законот, не е така. 

Албанскиот јазик станува службен на цела територија. 

Не прифаќам такво нешто и јас  нема да бидам пратеник-слушалка“, рече Минов.

На Минов му реплицираше пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми, кој рече дека за подобро меѓусебно разбирање би било добро да научи албански јазик.

„Токму тоа ви зборувам, научете албански за да ме разбирате како што јас ве разбирам вас, да не бидеме слушалки. Албанскиот јазик е реалност. 

Тоа не е нешто што треба да им се додели на Албанците туку природно им следува“, рече Адеми.

Коментари

Коментари

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment