Нема „Happy hour“ на евтина струја во 2018 година

 Breaking News

Нема „Happy hour“ на евтина струја во 2018 година

Нема „Happy hour“ на евтина струја во 2018 година
December 14
23:31 2017

Евтината тарифа на струјата во сегашниот облик нема да постои. Моделот кој беше воведен во октомври оваа година ќе важи само до крајот на 2018 година, а потоа, како што најави вицепремиерот Анѓушев, дали и во кој термин домаќинствата ќе имаат евтина струја ќе зависи од снабдувачот кој ќе го изберат на слободниот пазар.

Дали ова значи дека пропаѓа во вода уште едно големо предизборно ветување на актуелната влада ?!

Законот за енергетика би требало да биде усвоен до крајот на март 2018 година.

Меѓу другото тој предвидува за оние граѓани кои нема сами да изберат снабдувач, струја да обезбедува таканаречен “универзален снабдувач”, компанија која ќе се избира на тендер.

Останува на граѓаните да го користат овој „Happy hour“ до март 2018 година, каде точно ќе се знае што ќе се случува понатаму.

Коментари

Коментари

Related Articles