НОВА ТРАГЕДИЈА: Македонка се удави на островот Крф во Грција!

 Breaking News

НОВА ТРАГЕДИЈА: Македонка се удави на островот Крф во Грција!

НОВА ТРАГЕДИЈА: Македонка се удави на островот Крф во Грција!
September 06
13:10 2016

– Седумдесет и шестгодишна туристка од Македонија се удавила во морето кај гратчето Мораитика на југоисточниот дел на грчкиот остров Крф.  Информацијата за МИА ја потврди Канцеларијата за врски на Република Македонија во Грција и информира дека во тек е процедура за пренесување на телото на починатата во Македонија.

Некои грчки медиуми јавија дека жената била на одмор на Крф, каде што пристигнала со група туристи од Македонија. Според првичните информации, 76-годишната Македонка отишла да плива веднаш по „обилен“ оброк, информира онлајн изданието на „Имерсија“.

Откако била извадена од морето, жената веднаш била пренесена во Општата болница на Крф, каде била констатирана смрт.

Коментари

Коментари

Related Articles