Нова цена на бензините во Македонија – цените на највисоко ниво овие 3 години

 Breaking News

Нова цена на бензините во Македонија – цените на највисоко ниво овие 3 години

Нова цена на бензините во Македонија – цените на највисоко ниво овие 3 години
February 19
09:30 2018

Регулаторната Комисија за Енергетика пред две недели ја донесе одлуката за новата цена на бензинот и дизелот, со што денеска се очекува новата цена на горивата.

Тогаш малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголеми за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.01.2018 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС- 95 изнесува 68,00 ден/литар што значеше уште едно поскапување.

Цената на дизелот остана иста. За помалку од шест месеци горивата поскапеа за 15 денари. За новата цена загрижува нагорениот тренд на цените кои во моментов се на највисоко ниво во последните 3 години.

Останува да видиме каква ќе биде новата цена која Регулаторната Комисија за енергетика која ќе биде соопштена напладне, а ќе важи од полноќ.

Коментари

Коментари

Related Articles