Нова цена на горивата од утре

 Breaking News

Нова цена на горивата од утре

Нова цена на горивата од утре
November 12
11:02 2017

Цените на бензините и на дизел горивата пред две недели поскапеа за половина до еден денар по литар, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Утре, стандардно по две недели од претходната корекција на цената на нафтените деривати, се очекува нова цена на горивата.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија со последната одлука за еден денар по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 до утре изнесува 64, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 52, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 40,50 денари за литар.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголеми за 0,50 денари за литар и изнесува 65,50 денари.

Како причина за зголемување на продажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги псочуваат за 3,63 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,501 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Останува да видиме каква ќе биде новата цена која РКЕ ќе ја соопшти утре.

Коментари

Коментари

Related Articles

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment