Нови детали: Полицијата трага по пироман во Прилеп (видео)

 Breaking News

Нови детали: Полицијата трага по пироман во Прилеп (видео)

Нови детали: Полицијата трага по пироман во Прилеп (видео)
December 31
15:21 2017

Голем пожар утрово околу 3 часот избивна и целосно го униште познатиот кафе бар Галери хаус паб во центарот на Прилеп.

За среќа предизвикана е само материјална штета првично многу поголема од 250 илјади евра бидејќи покрај објектот уништен е и целокупнаиот инвентар.

Според информациите од професионалната противпожарна единица во градот,веднаш по  повикот интервенирано е со повеќе екипи и против пожарни возила, пред се поради брзо горливиот материјал вграден во кафе барот и близината на објектите во овој дел од старата  Прилепска чаршија.

Приоритети во гасењето им биле.ставање под контрола и локализирање на огнот во и надвор од  кафе барот и да не се  дозволи  негово  проширување  на останатите објекти.

Сета среќа во несреќа  е тоа што само два часа пред да избувни огнот последните посетители го напуштиле кафе барот.

Иако нема официјални информации за причините на пожарот фактот што наводно  пожарот прво се појавил на тендите  од надворешната страна  сам посебе го наметнува сомнежот дека станува збор дека тој е подметнат .

Од полициски велат дека има осомничено лице и трагаат по можниот пироман.

Сопственикот и менаџерите засега се воздржуваат од  информаци и проценки за релано предизвиканата штета.

Чекаат надлежните институции да завршат со истрагата..

Погледнете ја видео репортажата на Канал 5:

Коментари

Коментари

Related Articles