Новите правила за купување стари возила ќе важат од 1 јули!

 Breaking News

Новите правила за купување стари возила ќе важат од 1 јули!

Новите правила за купување стари возила ќе важат од 1 јули!
June 14
13:04 2016

Од 1 јули се забранува увоз на автомобили со ЕУРО 3 стандард, односно возила постари од 2005 година.

Од тогаш ќе можат да се увезуваат автомобили со стандард Еуро 4 или повисоки. 30 јуни ќе биде последниот термин кога ќе мора да биде платена царината и ќе мора да се извршат процедурите за увоз, додека рокот за хомологација засега е неограничен.

Според податоците од Царинската управа, во првите четири месеци од 2016 година биле внесени вкупно 9.500 половни автомобили, што е дупло повеќе од истиот период минатата година кога во земјава биле внесени 2.514 возила.

Во 2010 година пак, биле увезени скоро 50.000 возила што претставува најголем број на поволни возила, кога со законски измени беше олеснет увозот на стари коли со стандард понизок од Еуро 4.

Коментари

Коментари

Related Articles