Од полноќ поевтинуваат бензините во Македонија

 Breaking News

Од полноќ поевтинуваат бензините во Македонија

Од полноќ поевтинуваат бензините во Македонија
June 13
12:40 2016

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот не се менува.

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за малопродажните цени на нафтените деривати која стапува на сила од полноќ и ќе важи во наредните две седмици.

 

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит. Од друга страна, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како цените утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.

Коментари

Коментари

Related Articles