Останала без гориво среде ноќ – бездомник и помогнал со последните пари

 Breaking News

Останала без гориво среде ноќ – бездомник и помогнал со последните пари

Останала без гориво среде ноќ – бездомник и помогнал со последните пари
November 24
22:55 2017

Една жена од Филаделфија собрала околу 110.000 долари за бездомникот кој и помогнал кога автомобилот и застанал на патот. Таа среде пат останала сама без бензин, а и помогнал само тој. Џони Бобит кога видел дека Кејт има проблем, и кажал да го заклучи автомобилот и да не излегува. Отишол до бензинската станица која била оддалечена неколку блокови, и со последните 20 долари во џеб и купил бензин.

Таа тогаш немала пари да му се заблагодари, но потоа започнала иницијатива за да му се помогне. – “Бев наивна мислејќи дека автомобилот ќе издржи толкав пат на резерва. Никогаш претходно не ми се случило нешто слично. Таму го видов Џони, тој секој ден стои покрај патот. Не ми побара ни цент, само сакаше безбедно да дојдам дома.

Подоцна му ги вратив парите за бензин, му дадов јакна, ракавици, капа, чорапи, но и мислев дека би можела да направам нешто за него. Ве молам, помогнете му на овој човек бидејќи доаѓаат студови. Навистина мислам дека тој тоа го заслужува”, рекла Кејт.

Коментари

Коментари

Related Articles