Откриена е локацијата на богатство вредно 30 милиони евра!

 Breaking News

Откриена е локацијата на богатство вредно 30 милиони евра!

Откриена е локацијата на богатство вредно 30 милиони евра!
November 25
10:00 2017

Златото за кое се верува дека вреди 30 милиони евра е закопано 3544 км источно од Москва.

Судбината на Романови, тажен и трагичен крај на руската династија во ноќта од 16-ти кон 17-ти јули 1918-та година, убиството на цар Николај и царицата Александра, како и на нивните деца Олга, Татјана, Марија, Анастасија и Алексеј. Снимени се голем број на филмови и документарци, а објавени се голем број приказни и ДНК анализи, но Романови се најинтригантна приказна во Русија.

Особено за ловците на богатство, затоа што зад Романови остана големо богатство. Со години се пренесувала приказна за ковчези со злато, кои се некаде закопани. Потрагата за „најголемото богаство на светот“ трае скоро 100 години.

Овие денови се објавени некои документи од архвата на КГБ, кои даваат најпрецизна локација на закопаното богатство на Романови. Станува збор за злато вредно 30 милиони евра. Доволно причини за ловците на богаство да се активираат и тргнат во лов. Во документите пишува дека тоа е закопано во должината на транссибирската пруга на 3544 км источно од Москва. Никој на тоа место нема да најде некоја ознака, но сигурно дека некој ќе оди да го провери местот.

Нема сомнеж дека и агентите на КГБ во текот на советската власт тргнале по тоа богатствво, но нема информации дали биле успешни.

Документите ја откриваат приказната на Карло Пурок кој призна дека со пријателите го закопал богатството на длабочина од 2.5 метри на некои 4.5 км од градот Тајга во западен Сибир.

Коментари

Коментари

Related Articles