Откриено: Колку пари заработил Путин за шест години и што има во негова сопственост

 Breaking News

Откриено: Колку пари заработил Путин за шест години и што има во негова сопственост

Откриено: Колку пари заработил Путин за шест години и што има во негова сопственост
February 07
13:51 2018

Како извор на приход, претседателот на Русија, ја кажал платата, воената пензија и депозитите во банка.

Средишната изборна комисија на Русија ги објави приходите на рускиот претседател Путин во периодот од 2011 до 2016 година. станува збор за износ од 38,5 милиони рубљи(673,000 долари). Исто така, вели дека има и 13 сметки во банка со 241,200 долари и 230 акции во банката на Санкт Петерсбург.

Освен тоа, Путин поседува и стан во тоа место со површина од 77 квадратни метри и гаража од 18 квадратни метри. Се наведува и за изнајмен стан во Москва од 153,7 квадратни метри, а претседателот поседува и два автомобили.

Владимир Путин од секогаш градел имиџ на многу моќна личност. Секогаш е прикажуван како недопирливиот водач на Русија. Многу прашања се поставија за неговите приходи и богатство откако „спонтано“ подари часовник во вредност од 10,000 евра на мало дете во едно село. Се постави прашањето за тоа како политичар со пријавена заработка во висина од 100-на илјади долари може да има луксузни часовници.

Колекцијата на часовници која ја поседува претседателот на Русија се проценува на 750,000 долари, а како најскап е часовникот на „Lange & Sonhe“ изданието. Часовникот е прекриен со кристално стакло и има златни стрелки, а вреден е околу половина милион долари.

Исто така, изворите тврдат дека Путин поседува и четири јахти, а најпознатата јахта е проценета на 37 милиони долари. Сака и автомобили, а на располагање има модели на Ф1 болид. Меѓутоа, изјави дека неговите омилени автомобили се направени во Русија.

Се тврди и дека има приватни авиони и хеликоптери, а најголемата вредност се наоѓа во неговите недвижности. Можеби најимпресивно издание е палатата градена во италијански стил, која вреди милијарда долари.

Коментари

Коментари

Related Articles