Ова е најголемата желба на Путин за пензионерските денови

 Breaking News

Ова е најголемата желба на Путин за пензионерските денови

Ова е најголемата желба на Путин за пензионерските денови
January 21
08:59 2019

Рускиот претседател Владимир Путин вчера ја посети српската престолнина по четврти пат во неговата политичка кариера. 66-годишниот Путин обожава да патува и тоа воопшто не му паѓа тешко, но проблемот е што него го интересираат малку поинакви патувања – без голема придружба, камери, набиен распоред и премногу луѓе.

Иако веќе долго време владее со Русија, како премиер и претседател, и Путин еден ден ќе се пензионира, а откри и како сака да ги помине пензионерските денови.

„Сакам успешно да ја завршам кариерата“, му рече Путин на еден работник за време на посетата на Чељабинск, што беше еден од ретките моменти кога големиот лидер го спуштил гардот пред јавноста и прозборел за личниот живот.

„Многу сакам да патувам. Денес сите патувања ми се сведуваат на стигнување на аеродром, отседнување во хотел и пак враќање на аеродром. Би сакал да патувам поинаку. Да одам некаде во природа, да видам уште неколку туристички дестинации“, рече Путин. Со оглед на тоа дека не зборува премногу за својот личен живот, самово уште едно интервју има откриено дека често оди на викенд во дивина каде негов пријател има куќа. Таму, вели тој, единствено може да се одмори баш како што сака.

Коментари

Коментари

Related Articles