Ова се земјите од кои може легално да си купите пасош ако имате пари

 Breaking News

Ова се земјите од кои може легално да си купите пасош ако имате пари

Ова се земјите од кои може легално да си купите пасош ако имате пари
January 16
18:34 2019

На многу богати луѓе им е важно да имаат два или три пасоши за да имаат поголема слобода“, вели советникот Нури Кац за „Бизнис инсајдер“. „За некои тоа е статусен симбол, како што e купувањето автомобили“, додава тој.

Купувањето втор или дури и трет пасош е растечки тренд меѓу богаташите. Но тоа не е опција достапна за секого. Во прашање е државјанството во замена за инвестиција и е дозволено во голем број земји во светот.

Додека некои можат да го користат вториот пасош за патување до одредени места на кои не можат да патуваат со првиот пасош, многумина ги користат за купување станови во земји во кои даноците се пониски. Земји кои се вклучени во оваа програма сакаат да регрутираат богати странски инвеститори, за да ја поттикнат локалната економија.

Па така, пасошот би чинел од 3 000 долари годишно на Тајланд до инвестиции од еден милион долари во американско претприемништво. Во карипските земји како Антигва, Сент Китс и Невис или Света Луција, пасош ќе ве чини меѓу 100 и 150 илјади долари. Од друга страна, пак, Велика Британија бара подносителот да живее во земјата неколку години пред поднесувањето предлог за купување пасош во замена за инвестиција. Малта, која е членка на ЕУ, бара еден милион евра за пасош, кој подоцна ви отвора многу врати во светот.

Коментари

Коментари

Related Articles