Овој американски бомбардер Б-52 фрли рекорден број бомби врз талибанците во Авганистан (ВИДЕО)

 Breaking News

Овој американски бомбардер Б-52 фрли рекорден број бомби врз талибанците во Авганистан (ВИДЕО)

Овој американски бомбардер Б-52 фрли рекорден број бомби врз талибанците во Авганистан (ВИДЕО)
February 11
21:07 2018

Авион на американски воздухопловни сили, бомбардер Б-52 „стратофортрес“, за време на викендот фрлил рекордни 24 прецизно наведувани бомби врз засолништата на талибанците во Авганистан, јавува Си-ен-ен.

Ова е најголемито број наведувани бомби кога било фрлени од Б-52, се наведува во извештајот за медиумите на американската Централна команда. Погоденото седиште се наоѓа во авганистанската покраина Бадакстан (или Бадакшан), во близина на границата со Кина и Таџикистан.

Целта на воздушниот напад била „уништување на бунтовничките извори на приходи, објекти за обука и мрежа за поддршка“.

Изворите на приходи кои се наведуваат вклучуваат дрога, главно хероин, чие производство значително порасна во Авганистан.

„Уништувањето на овие центри за обука ги спречува терористите да планираат понатамошни акции во близина на гранциата со Кина и Таџикистан“, изјави генерал мајорот Џемс Хекер, командант на воздухопловната команда на НАТО за Авганистан.

Покрај тоа, погодени се и украдени возила на авганистанската војска кои биле „конвертирани“ во возила за бомбашки напади, се додава во извештајот. Министерството објави и снимка од нападот која го прикажува бомбардирањето на планинското засолниште од два различни агли.

Коментари

Коментари

Related Articles