Падна цената на блиндираниот Мерцедес на МВР, ова е проценката

 Breaking News

Падна цената на блиндираниот Мерцедес на МВР, ова е проценката

Падна цената на блиндираниот Мерцедес на МВР, ова е проценката
February 09
20:24 2018

Екстра луксузниот мерцедес кој го нарача МВР и официјално сега вреди 234.000 евра. Вештачењето е завршено, а според документите до кои ексклузивно дојде тв 24, проценето е дека возилото Мерцедес бенз С 600 сега изнесува 14 372 208 денари.

Според формулите на проценителот, утврдено е дека неговата вредност сега е 60% помалку од онаа во 2012-та кога бил купен.

Со мерцедесот кој пред шест години го набави МВР, досега биле поминати 80 500 километри. Неговата регистрација има важност до јули, наредната година.

Возилото кое Груевски има исправен акумулатор, а гумите, кои се отпорни на куршуми мора да се заменат, стои во извештајот. Освен што е скапо платен, тешко е и неговото одржување, на пример само еден пар гуми чини 20 000 евра.

Коментари

Коментари

Related Articles