Почина Абдилаќим Адеми – член на ДУИ и поранешен министер за образование и наука

 Breaking News

Почина Абдилаќим Адеми – член на ДУИ и поранешен министер за образование и наука

Почина Абдилаќим Адеми – член на ДУИ и поранешен министер за образование и наука
February 16
09:36 2018

По тешко боледување, синоќа почина Абдилаќим Адеми – член на ДУИ, поранешниот министер за животна средина и просторно планирање и  поранешен министер за образование и наука.

Адеми  беше потпретседател на Владата на Република Македонија, задолжен за спроведување на Рамковниот договор од 2008 година, министер за животна средина и просторно планирање од јули 2011 до  јуни 2014 година и министер за образование и наука во периодот од  јуни 2014 до  јануари 2016 година.

Абдилаќим  Адеми беше роден на 20 декември 1969 година во тетовското село Шемшево. Во 1996 година дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, Албанија како инженер по металургија.

Во Германија на Техничкиот Универзитет во Фрајбург стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали.

Од 2002 до 2006 беше пратеник во Собранието на Република Македонија. Беше член на ДУИ од основањето на Централниот Одбор и претседател на огранокот на ДУИ за општина Јегуновце.

Во 1996 година дипломирал на Политехничкиот факултет во Тирана, Албанија како инженер по металургија. Во Германија на Техничкиот Универзитет во Фрајбург стекнал обука во Институтот за градежни и стаклени материјали. Завршил и школа за млади политичари и обука за креирање политик.

Од 2002 до 2006 бил пратеник во Собранието на Македонија[2] каде бил член на комисијата за Економски прашања, за финансирање и буџет, за транспор, врски и екологија и комитетот за односи меѓу заедниците. Од 2006 до 2007 бил член на Бордот на Директори во АД „ГА-МА“ во Скопје.

Во периодот 2004-2006 бил асистент во Државниот Универзитет во Тетово каде предавал во предметот Анализа на градежни материјали.

Член е на ДУИ од основањето во Централниот Одбор и претседател на Огранокот на ДУИ за општина Јегуновце. Женет е и татко е на еден син. Освен македонскиот и албанскиот, Адеми се служи и со италијанскиот јазик.

Коментари

Коментари

Related Articles