Почина и вториот полицаец – расте бројот на жртви во нападот, терористите во бегство

 Breaking News

Почина и вториот полицаец – расте бројот на жртви во нападот, терористите во бегство

Почина и вториот полицаец – расте бројот на жртви во нападот, терористите во бегство
April 20
21:30 2017
Еден полицаец е убиен во оружена престрелка на Шанзелизе во Париз, јавуваат светските агенции. За жал, светските медиуми излегоа со вест дека починал и вториот ранет полицаец, додека еден сеуште се бори за живот.
Лицето што пукало во полицаецот е  исто така убиено, јави CNN.  Познатата улица кај Шанзелизе е затворена и врие од полициско обезбедување.
Пукањето се случило на централниот булевар на Шанзелизе, кој сега е затворен за движење во сите насоки. Напаѓачите почнале да пукаат од своето возило кон полицијата.

Француската полиција соопшти дека инцидентот е најверојатно терористички акт и оти најпознатата авенија во светот е затворена за сообраќај.

Засега е познато дека има најмалку двајца напаѓачи, но не се исклучува и можноста за повеќе.

Коментари

Коментари

Related Articles