Почнаа инцидентите во Франција, пијани англиски фанови го барале „ИСИС“, двајца уапсени (ВИДЕО)

 Breaking News

Почнаа инцидентите во Франција, пијани англиски фанови го барале „ИСИС“, двајца уапсени (ВИДЕО)

June 10
11:54 2016

Француската полиција со солзавец и палки ги смирувала англиските фанови кои влегле во физичка пресметка со локални хулигани од Марсеј.

Ништо ново кога се во прашање големите фудбалски натпреварувања и англиските фанови. Хулиганите од оваа земја се во центарот на вниманието уште пред да почне Европското првенство.

Синоќа пред полноќ англиските навивачи од еден паб го започнале своето дивеење низ улиците на Марсеј, тие влегле во физичка пресметка со локални хулигани, по што морала да интервенира полицијата со солзавец и палки.

Вечерта завршила со апсење на двајца англиски навивачи, едниот поради навреди кон барменот, другиот поради насилство.

Пијаните англиски фанови скандирале и „ИСИС каде си ти?“.

Коментари

Коментари

Related Articles