Поради хаосот во урбанизмот, ДОМ предлага пакет закони

 Breaking News

Поради хаосот во урбанизмот, ДОМ предлага пакет закони

Поради хаосот во урбанизмот, ДОМ предлага пакет закони
September 10
16:42 2016

Демократска обнова на Македонија предлага пакет закони во урбанизмот, за, како што наведуваат, промена на концептот во урбанизмот и градежништвото, за нормален живот на граѓаните, за задоволување на потребите за хумано, здраво и квалитетно живеење.

Станува збор за нови закони за просторно и урбано планирање, за градење, и за зеленило и закони за градски архитект.

„Овие закони треба да се базираат врз урбанистички стандарди и нормативи кои водат сметка за намената на просторот, густината на населението, висината на објектите, зелени површини, проветрување, изложеност на сонце, проток на сообраќај и редица стручни параметри“, велат од ДОМ.

Овој пакет закони во урбанизмот што ги предлага ДОМ, како што посочуваат, се дел од нивната програма и нивно барање за идната влада, да ги донесе во првите 100 дена од своето владеење, а целта е да прекине хаосот што владее во урбанизмот, антиеколошки и антидемократски, воден исклучиво од бизнис интереси.

Коментари

Коментари

Related Articles