Повелете, 5.000 евра за да си одите од земјата, ваква одлука донесе Владата, за да ги поттикнат мигрантите да ја напуштат Финска

 Breaking News

February 12
09:16 2019

Владата на Финска донесе одлука двојно повеќе да ја зголеми еднократната помош за да ги стимулира илегалните емигранти и барателите на азил да ја напуштат земјата и да се вратат таму од каде што дошле.

Наместо 2.500, секој од доселениците ќе добие по 5.000 евра за да си замине, пренесува порталот “021”. Финските власти се одлучиле на овој чекор, бидејќи се помалку доселеници се одлучуваат да ја напушти оваа земја.

“Ние сакаме да ги охрабриме да се вратат дома. Во нашата земја, сега имаме илјадници луѓе кои биле одбиени за азил. Тие немаат дозвола за престој и поддршката што им ја обезбедуваме станува се поскапа”, рече Тарја Рантала од Канцеларијата за миграција (Migri).

И покрај обидот на Финска за поттикнување на мигрантите да ја напуштат земјата, бројот на лицата кои доброволно ja напуштаат скандинавската земја е намален од 1.422 во 2017 година на 646 минатата година.

Коментари

Коментари

Related Articles