Пратениците планираат да го повлечат законот за пазари, реагира и пратеничката група

 Breaking News

Пратениците планираат да го повлечат законот за пазари, реагира и пратеничката група

Пратениците планираат да го повлечат законот за пазари, реагира и пратеничката група
January 22
16:49 2019

По притисокот на пазарџиите пратениците го повлекуваат Законот за трговија на зелените пазари за една година. Парламентарното мнозинство призна дека направила грешка и сега најавува дека ќе се прават измени на Законот, јавува Алсат.

– „Верувам дека ќе постигнеме договор, како и што беше предлог Законот во нивна полза од причина повторувам уште еднаш, Законот, текстот беше предложен од пазарџите што се занимаваат со ова дејност“, рече Ејуп Алими, ДУИ.

Од ЛДП кои се дел од парламентарното мнозинство велат дека се за јавна дебата, но не за општа расправа.

– „Јас лично и како партија сметаме дека 1,5 до 1,8 милиони евра да се земаат од граѓаните и да одат во некоја приватна комора за мене е неприфатливо. Да одеа во државата можеби и ќе сфатев, иако бевме против државата да зголемува приходи“, рече Горан Милески, ЛДП.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ до Собранието на Република Македонија ќе поднесе Закон за престанок на важењето на Законот за трговија на зелени пазари донесен од владеачкото мнозинство.

-Имено, Законот за трговија зелени пазари го донесе гласачката машинерија на СДСМ во јануари 2018 година во отсуство на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ искористувајќи го отсуството на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од Собранието набрзина како и сите останати закони, го донесе овој штетен закон без никаква консултација ниту со пазарџиите, ниту со експертската јавност.

Ваквото брзоплето и несериозно носење на Закон за трговија на зелени пазари денес во пресрет на изборен процес очигледно не им одговара на СДСМ, па сега одлучиле одложување на стапувањето на сила на законот за после изборите.

Повторно една провидна мерка која не ги решава проблемите на пазарџиите кои што протестираа за ова штетно решение на СДСМ.

Да бидеме јасни, СДСМ со одложувањето на примената на Законот не го решава проблемот на пазарџиите туку само го пролонгира се со цел да не претрпи политичка штета за предстојните избори, истакна денес координаторот на оваа пратеничка група Никола Мицевски.

Мицевски потенцира дека од ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средба со сите засегнати страни со цел изнаоѓање на најдобро можно решение.

-Од друга страна, како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесеме Закон за престанок на законот за трговија на зелените пазари со што сакаме да овозможиме оваа проблематика да се разгледа одново, да се слушне мислењето на пазарџиите, на експертската јавност, на пратениците од опозицијата и заедно да направиме едно квалитетно решение во интерес на пазарџиите.

За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија ќе бара да се одржи и јавна расправа во рамките на Комисијата за економски прашања на која би се изнеле разни ставови и решенија.

Исто така сакаме да најавиме дека во најбрз временски период претставници и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе остварат средба со сите засегнати страни со цел изнаоѓање на најдобро можно решение, истакна тој.

Коментари

Коментари

Related Articles