Премиерот Заев оддаде почит на претседателите Глигоров и Трајковски

 Breaking News

Премиерот Заев оддаде почит на претседателите Глигоров и Трајковски

Премиерот Заев оддаде почит на претседателите Глигоров и Трајковски
September 08
12:12 2017

– Претседателот на Владата Зоран Заев денеска на градските гробишта Бутел во Скопје оддаде почит и положи венци со цвеќе на вечните почивалишта на претседателите на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски. На положувањето заедно со премиерот Заев присуствуваше и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Должната почит кон споменот на двајцата претседатели на овој ден, како што истакнуваат од владината прес-служба, е признание за нивниот исклучителен придонес во создавањето и негувањето на придобивките од независноста на Република Македонија.

Коментари

Коментари

Related Articles