Пристигнува опција која ќе ве предупредува кога некој гледа во вашиот телефон

 Breaking News

Пристигнува опција која ќе ве предупредува кога некој гледа во вашиот телефон

Пристигнува опција која ќе ве предупредува кога некој гледа во вашиот телефон
December 02
18:41 2017

Инженерите на компанијата “Google” развиваат интересна технологија која со помош на вештачката интелигенција и предната камера на телефонот ќе ги предупреди корисниците доколку некој гледа во нивниот екран.

Технологијата е наречена ,,заштитник на е-екрани”.

Оваа корисна технологија е во фаза на развој, а доколку “Google” има намера да ја имплементира во некои од идните верзии на “Android”, веројатно ќе мора да причекаме уште некое време додека не се усоврши и тестира.

Заштитникот на електронските екрани се базира на вештачка интелигенција која ја користи предната камера на телефонот во комбинација со алгоритми за препознавање на лицето и движењата, односно погледите на луѓето кои се наоѓаат во близина на корисникот.

Според научниците кои работат на развојот на оваа технологија, таа има време за реакција од само две милисекунди така што корисниците веднаш ќе бидат известени кога некој барем и на момент ќе го тргне погледот од екранот на телефонот и работи во различни услови на осветлување.

Колку е брза оваа реакција, може да се види и од приложената видео-снимка. Штом некој погледне во телефонот, веднаш се активира предната камера на телефонот која предупредува на несакани погледи, додека лицето кое гледа во екранот се означува со црвено квадратче и линија во бои на виножитото, со цел да знаете кој е “виновникот” доколку се наоѓате во гужва.

Од “The Verge” велат дека оваа технологија е најдобар пример за тоа какви новитети носи вештачката интелигенција со паметните телефони, а сигурно е дека со понатамошниот развој и напредокот на технологијата ќе се донесат големи промени и бројни нови опции на паметните телефони.

Погледнете го видеото:

Коментари

Коментари

Related Articles