Прва жртва на кампањата: Кандидатот за градоначалник од Кичево им подлегна на повредите

 Breaking News

Прва жртва на кампањата: Кандидатот за градоначалник од Кичево им подлегна на повредите

Прва жртва на кампањата: Кандидатот за градоначалник од Кичево им подлегна на повредите
October 05
08:48 2017

Застреланиот носител на независната кандидатска листа во Кичево утрово им подлегнал на повредите, на Клиниката на интензивна нега во Скопје, дознава Пресс24 од извори во болницата. 

Алит Абази беше застрелан во центарот на Кичево, минатата недела, кога во него пукаше 58-годишниот Абдула Абдули. Покрај Абази, со прострелни рани се здоби и шефот на неговиот изборен штаб, Дестан Абдиу, како и случаен минувач. 

Престрелката се случи во центарот на Кичево во близина на полициската станица на фреквентниот булевар слобода. 58-годишниот убиец е приведен, а судија на претходна постапка веќе му одреди мерка притвор од 30 дена, па судењето ќе го чека во истражниот затвор во Шутка. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера на прес конференција тврдеш дека случајот не е пиврзан со изборите. 

Фотографија од кандидатот:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати обвинуваше дека кампањата е досега најнасилна и најнедемократска.

 Полициските билтени ги полнат серија демолирани партиски штабови, а пред неколку дена во Шуто Оризари беше претепан и локалниот кандидат за градоначалник, Елвис Бајрам.

Коментари

Коментари

Related Articles